Дома Фудбал Италија Eлмас го посвети голот на неговиот починат дедо

Eлмас го посвети голот на неговиот починат дедо

Наполи вчера се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија откако со 4:2 ја совлада Специја.

Еден од стрелците на овој натпревар беше и македонскиот фудбалер Елиф Елмас. Гатузо на овој меч му даде шанса на Елмас од првата минута, а тој му возврати на најдобар начин.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Голот Елмас го посвети на неговиот дедо кој почина пред неколку недели.

„Кога сакам да ја издвојам личноста која најмногу ме инспирирала се сеќавам на мојот дедо. Тажен сум што повеќе нема да те видам тука на земјата, ми недостигаат твојата мудрост, охрабрување и инспирација. Ова ти го посветувам тебе дедо, верувам дека си горд на мене. Верувам дека сега си на подобро место. Почивај во мир, дедо“, напиша Елмас на Инстаграм.

Вчерашниот гол за Елмас беше негов трет во дресот на Наполи

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…