Дома Македонски спорт Eден од хероите на тешката 2020 година: Игор Ангеловски – Мрме!

Eден од хероите на тешката 2020 година: Игор Ангеловски – Мрме!

Maкедонија во оваа тешка 2020 година слави историски пласман на едно Европско првенство, а големи заслуги за тоа секако селекторот Игор Ангеловски.

Огромни заслуги за ова секако има селекторот Игор Ангеловски. По пласманот на ЕП цела нација беше со фудбалерите и репрезентација што во не толку далечното минато не беше така.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Популарниот Мрме создаде една неверојатна хемија помеѓу фудбалерите која лесно може да се забележи, атмосферата никогаш не била подобра, респект има секој кон секого и резултатите дојдоа.

Дека е човек со визија и план покажува потегот кој го направи кога дојде на селекторската функција во 2015 година. Самиот лично отпатува во Италија да го убеди Горан Пандев да се врати во репрезентацијата. Тоа беше почетокот на создадавањето на изгледот кој репрезентацијата го има денес.

Се сеќавате како дебитираше? Пред стотина навивачи против Црна Гроа.

Тоа не го откажа, напротив самиот непосредно пред историскиот натпревар со Грузија зборуваше за тие почетоци и откри дека уште тогаш ги убедувал репрезентативците дека работите ќе се променат и Македонија еден ден ќе се бори за пласман на Европско првенство и – еве сме заедно со европскиот крем!

И да не заборавиме можеби и денес Ангеловски прави потег кој многу ќе значи за македонскиот фудбал и во иднина, да зборуваме за Дени Мусовски. Момчето кое тресе мрежи во Лос Анџелес во МЛС лигата. Времето ќе покаже како ќе игра во дресот на Македонија, меѓутоа факт е дека на нашиот напад му треба освежување, Мусовски може да биде токму тоа.

Она што е чудно е што по се што направи овој човек не е сигурно дека тој ќе биде нашиот предводник на Европското првенство. Неговиот договор истекува денес, со последниот ден од оваа година. Самиот изјави дека не поставува никакви посебни услови, па сега на потег е ФФМ да го направи она што цела македонска јавност го очекува – НОВ ДОГОВОР ЗА МРМЕ!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…