Во модерниот фудбал нема место за емоции. Три години Даниеле Падели „чекаше“ Самир Хаднановиќ да се повреди и да дебитира во Серија А, бранеше минатото коло против Удинезе и не прими гол, но беше доволно само еден лош натпревар за да ја изгуби довербата и Интер да реагира.
Од утрово сите италијански медиуми пишуваат дека Интер закажал лекарски прегледи на Емилијано Вивијано. Искусниот 34 годишен голман некогаш беше стандарден помеѓу стативите на: Бреша, Болоња, Фиорентина и Сампдорија, беше и резервиста во Интер во сезоната 2011/2012, во таа сезона не настапи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вивијано е без клуб од септември од кога го раскина договорот со Септември. Пред тоа во пролетта 2019 бранеше за СПАЛ.
Во Интер ќе се надеваат на неговото искуство бидејќи немаат премногу избор. Уште не е познато кога Хандановиќ ќе се врати, а после проценката дека Падели можеше подобро да реагира при двата гола на Милан одлучено е да се реагира. Вивијано ќе добие договор на шест месеци со можност соработката да се продолжи на уште една сезона.