Дома Фудбал Англија Eвра: Зошто Јунајтед плати 40 милиони фунти за играч кој седи на клупа?

Eвра: Зошто Јунајтед плати 40 милиони фунти за играч кој седи на клупа?

Манчестер Јунајтед во последниот преоден рок плати 40 милиони евра за Дони Ван Де Бек кој дојде од Ајакс, но овој играч не добива многу шанса кај Солскјер на стартот од сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ван Де Бек беше најавен како големо засилување, но тој одигра само 70 минути во Премиер лигата и запиша два настапи во Карабао купот. Последниот натпревар против Челзи во ПЛ го изгледа од клупата за резерви.

За Патрис Евра таа ситуација не е јасна.

„Мистерија е начинот на кој Ван Де Бек се користи од кога дојде. Не е во плановите на Солскјер и сега се поставува прашањето – има ли смисла да платите некого 40 милиони фунти и да го држите на клупа. Тој веројатно си мисли: Што јас правам тука?“, порача Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Финале на Лигата на шампионите: ПСЖ и Арсенал се подготвуваат за престижната титула – Спектакл на повидок!

Доколку седнете пред вашите телевизори во времето на кое сте навикнати да ја гледате Лигат…