Tренерот на Арсенал Унаи Емери потврди дека Швајцарецот, Гранит Џака нема да игра во наредниот натпревар против Вулвс.
Џака имаше бројни проблеми во изминатите недели, а се кулминираше кога во минатото коло пред време го напушти теренот против Кристал Палас и доби бројни свирежи на кои одговори со гест на провокација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После таа ситуација многумина сметаат дека ерата на Швајцарецот е завршена иако соиграчите застанаа зад Џака, сега Емери потврди дека Џака ќе биде казнет.
„Џака нема да игра против Вулвс“, кратко порача Емери на почетокот на денешната прес-конференција.
Англиските медиуми после натпреварот помеѓу Арсенал и Кристал Палас пренесоа информација дека Емери го известил Џака дека повеќе нема да биде првотимец бидејќи не сака да влезе во конфликт со навивачите.