Дома Фудбал Англија Eвертон два пати одбил да го доведе Халанд

Eвертон два пати одбил да го доведе Халанд

Манчестер Сити неодамна го потврди трансферот на Ерлинг Халанд кој од наредната сезона ќе го гледаме во Премиер лигата. За услугите на Халанд Сити на Борусија Дортмунд ќе и плати околу 60 милионио евра.

Халанд прво блесна во Салзбург, потоа продолжи да игра одлично и во Борусија Дортмунд, а неговата кариера можела да им и поинаков тек.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Брајан Кинг во 2016 година работел како скаут на Евертон задолжен за фудбалерите во Скандинавија и тој го препорачал тогаш 15-годишниот Халанд на клубот од „Гудисон Парк.“

„Можевме да го донесеме Халанд за само 60.000 фунти тренинг компезација. Но, луѓето задолжени за доведување на играчи сметаа дека Халанд доминира само затоа што е поголем од другите на негова возраст, а кога ќе дојде во сениорскиот фудбал каде што и другите се поголеми нема да биде толку доминантен. Секако дека тоа беше грешка затоа што гледаме денес во каковв фудбалер израсна“, откри Кинг.

Иако одбиле да го доведат Евертон и понатаму продолжил да ги следи настапите на Норвежанецот. Неколку години подоцна директорот за фудбал Стив Волш договорил трансфер на Халанд за сума од околу четири милиони евра, тогаш трансферот бил спречен од сопственикот на Евертон кој ја стопирал зделката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …