Дома Останати Кошарка НБА Eмотивна вечер во НБА: Откриена статуата Коби 🎥

Eмотивна вечер во НБА: Откриена статуата Коби 🎥

Емотивно беше пред вчерашниот натпревар помеѓу Лејкерс и Денвер во Лос Анџелес, пред овој натпревар беше откриена статуата посветена на славниот Коби Брајант.

Датумот на откривање не беше случајно избран (2/8/24) двата броја кои ги носеше Коби во неговата професионална кариера и бројот на неговата ќерка Џана која загина заедно со него во хеликоптерската несреќа на 26-ти јануари 2020 година.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


На церемонијата присуствуваа познати имиња од НБА, зборуваше Фил Џексон кој е негов поранешен терен, како и легендарниот Карим Абдул Џабар.

„Статуата потсетува на Коби, но зборува и многу повеќе што значи да се биде исклучителен, дисциплиниран, посветен и да го сакаш семејството. Ова е статуа за едно прекрасно сведоштво“, зборуваше помеѓудругото Џабар.

Инаку ова е прва од трите планирани статуи на Коби кои треба да бидат поставени пред Крипто арената во Лос Анџелес. Кариерата Коби ја заврши во 2016 година по 20 сезони поминати во НБА, сите во дресот на Лејкерс. Успеа да освои пет шампионски титули и да постигне 33.643 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал Мадрид ја купува ѕвездата на Леверкузен

Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесува…