Дома Фудбал Лига на шампиони Eлмас и Наполи го победија европскиот шампион, Тер Штеген ја спаси Барселона (ВИДЕО)

Eлмас и Наполи го победија европскиот шампион, Тер Штеген ја спаси Барселона (ВИДЕО)

Најголемо внимание вечерва во Лигата на шампионите привлекуваа привлекуваа натпреварите помеѓу Борусија Дортмунд – Барселона и Наполи – Ливерпул.

Наполи преку целиот натпревар повеќе ја посакуваше победа и до неа дојде пред самиот крај на натпреварот. Мертенс прво погоди од белата точка, а потоа Љоренте донесе победа од 2:0 во судиското продолжение.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За Наполи во овој натпревар дебитираше нашиот Елмас.

Дортмунд и Барселона во Германија го играа дербито од групата Ф во која нешто порано во текот на денот Интер и Славија Прага ремизираа 1:1, на крајот и овој натпревар заврши со поделба на бодовите.

Првото полувреме не донесе некаков посебен фудбал, па навивачите не можеа да бидат задоволни. Сепак, во второто полувреме видовме многу прилики, пред се пред голот на Барселона, но голманот Тер Штеген ја зачува својата мрежа.

Првата 100% прилика ја имаа домаќините кога Марко Ројс шутираше пенал откако Семедо го собори Санчо, но Тер Штеген беше поуспешен и му го одбрани ударот.

Подоцна Ројс имаше уште две прилики, но Тер Штеген секогаш излегуваше како победник или Ројс лошо шутираше.

Резервистот Брендт имаше одлична прилика кога во 75-тата минута шутираше од околу 20-тина метри, но ја погоди само пречката.

За Барселона од вечерва добра вест е што Лео Меси се врати на теренот и доби половина час.

Останати резултати:

Ајакс – Лил 3:0

Бенфика – Лајпциг 1:2

Челзи – Валенсија 0:1

Салзбург – Генк 6:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …