
Eкс-фудбалер на Реал Мадрид и холандски репрезентативец, Ројстон Дренте објави дека и дефинитивно ја завршува кариерата како фудбалер.
Претходно Холанѓанецот објави пензија во 2017 година, но потоа продолжи во втората холандска лига, а сега вели дека дефинитивно завршува. Дренте во кариерата го носеше дресот на Реал Мадрид, Феенорд, Аланија, Ридинг…
Дерби до Дерби! Комплетен фудбалски викенд ↓↓↓
Кога во 2017 година објави крај играчката кариера најави дека ќе стане рапер, но подоцна се врати и до денес беше член на Козакен Бојс, тим од втората лига во Холандија.
„Сега е навистина крај. Раководството на сегашниот клуб се повика на тренерот кој најавил дека ќе се раздели со неколку играчи. Тренерот негираше, но јас веќе кажав дека ставам крај. Не знам што ќе правам во иднина, тренерската работа дефинитивно не е замене.
Веројатно ќе се сконцентрирам со работата на телевизија. Забавно е, би требало да има нови проекти и сигурно ќе бидам околу фудбалот. Имав убаво патување и тука е крајот“, изјави Дренте
Во едно интервју неодамна Дренте истакна дека во кариерата премногу бил фокусиран на забави и жени што му правело проблем.