Дома Фудбал Англија Eвертон може да доби нови газди – пола Премиер лига би станала „американска“!

Eвертон може да доби нови газди – пола Премиер лига би станала „американска“!

Според последните информации од Островот Евертон е пред добивање на нов газда и тоа американскиот милијардер Мацијек Камински кој е со седиште во Минесота.

Англиските медиуми објавија дека тој е на чекор да го купи клубот за 400 милиони евра. Информациите се дека тој и сегашниот газда Фарах Мошири веќе се во завршна фаза од преговорите, меѓутоа засега проблеми со преземањето прави нестабилниот пазар во Обединетото кралство.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Доколку падне конечен договор за што шансите се големи, треба да помине и процесот на купопродажба и одобрувањето од Премиер лигата. Треба да се спомене и дека во таков случај половина клубови во Премиер лигата би имале американски газди, тој би бил 10-тиот.

Камински е полски државјанин кој во 60-тите се преселил во САД каде што прво работел како инвестициски советник, а потоа инвестирал во недвижности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Астон Вила одбила 40 понуди за својата ѕвезда

Астон Вила одбил понуди од дури 40 клубови минатото лето за нивниот напаѓач Џон Дуран, отк…