Дома Фудбал Джон Стоунс го напушта Манчестер Сити

Джон Стоунс го напушта Манчестер Сити

Џон Стоунс ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, кога му истекува договорот, објави дефанзивецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот репрезентативец одигра 293 натпревари за „граѓаните“ по неговото пристигнување од Евертон во 2016 година. Тој помогна на тимот да освои шест англиски титули, Лига на шампиони, двапати ФА Куп, петпати Лига Куп, трипати „Коумјунити Шилд“, Светско клупско првенство и Суперкуп на Европа. 31-годишниот Стоунс беше второто засилување на Ман Сити по пристигнувањето на Пеп Гвардиола.

„Ова беше мојот дом во последните 10 години и ќе биде мојот дом до крајот на животот“, напиша Стоунс по објавувањето на одлуката. „Стигнав како дете, а заминувам како маж – станав татко, сопруг и на теренот завршен играч. Ја остварив мојата сон и постигнав сè за што дојдов тука“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка и Јужна Африка не успеаја да се победат и ги намалија своите шанси за понатамошно квалификување

Чешка и Јужна Африка не успеаја да се победат и завршија 1:1 во нивниот втор натпревар во …