Дома Фудбал Двајца македонски фудбалери избрани во тимот на колото во хрватската лига

Двајца македонски фудбалери избрани во тимот на колото во хрватската лига


Македонските фудбалери Илија Несторовски и Димитар Митровски се најдоа во центарот на вниманието во последното коло од хрватската Прва лига, благодарение на нивните одлични настапи. Нивните извонредни игри не останаа незабележани, па заслужено се најдоа меѓу најдобрите единаесетмина на колото.

Несторовски се запиша меѓу стрелците за Славен Белупо, постигнувајќи важен гол во натпреварот против Истра кој заврши без победник (1-1). Од друга страна, Митровски блескаше со два погодоци и беше клучен за победата на Вараждин против Локомотива со конечен резултат од 2-1.

Фото: NK Slaven Belupo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три англиски гиганти го следат Колинс, Франкфурт бара околу 35 милиони евра

Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челси испраќале скаути за 22-годишниот дефанзивец на Ајнтра…