Дома Фудбал Душан Влаховиќ на праг на најголемиот трансфер во кариерата – еве ги деталите!

Душан Влаховиќ на праг на најголемиот трансфер во кариерата – еве ги деталите!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ се најде во фокусот на јавноста откако „Билд“ објави дека Баерн Минхен сериозно е заинтересиран за неговото доведување.

Раководството на германскиот клуб веќе контактирало со Влаховиќ и неговите агенти, а играчот изразил големо воодушевување и јасно дал до знаење дека сака да се пресели во Минхен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Планот е Влаховиќ да пристигне следното лето, без отштета, бидејќи тогаш му истекува договорот со Јувентус. Дури и ако Хари Кејн остане, Влаховиќ порача дека со задоволство би прифатил улога во Баерн.

Баварците побрзаа со иницијалните разговори за да го престигнат Јувентус во обидот да го продолжи договорот, но и другите заинтересирани клубови како Челзи и Манчестер Јунајтед.

Јувентус ова лето се обиде да го продаде Влаховиќ за да поврати дел од вложените 85 милиони евра, колку што плати на Фиорентина во 2022 година, но не успеаја.

Влаховиќ во сегашната сезона постигна 4 гола и додаде 1 асистенција на 8 натпревари, а вкупно за Јувентус има 62 гола и 15 асистенции на 153 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Титула, па инвестиција од 130.000.000 евра: Клуб од регионот има нов сопственик

Левски од Софија има нов сопственик и следуваат големи инвестиции во бугарскиот фудбал, ко…