Дома Останати Кошарка Дурент го „предупреди“ Дончиќ, а Словенецот го исмеа Феникс (Видео)

Дурент го „предупреди“ Дончиќ, а Словенецот го исмеа Феникс (Видео)

Лука Дончиќ повторно ги „разнесе“ Феникс Санс со импресивна партија за Лос Анџелес Лејкерс (107:96).

Словенецот постигна 33 поени со 11 скока и 8 асистенции, што малку го фрустрираше Кевин Дурент.

Дурент беше лидер на Санси со 21 поен, но му беше непријатно што Дончиќ доминира покрај него.

„Знаеш дека ова нема да можеш да го правиш во плејофот?“, добаци НБА ветеранот на младата ѕвезда на лигата.

Дончиќ не му рече ништо, само се насмевна, но во разговор со неговите соиграчи на клупата имаше што да каже.

„Никогаш во животот немав толку простор“, прокоментира Дончиќ за одбраната на Санси.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

EСПН: Јокиќ е најдобар во НБА!

Експертите од ЕСПН составија листа на играчи за кои веруваат дека ќе бидат најдобри во пре…