Дома Топ вести Другата страна на ЕУРО: Обезбедувањето брутално претепа навивач🎥

Другата страна на ЕУРО: Обезбедувањето брутално претепа навивач🎥

Интересно видео се појави во португалските медиуми, а на  него е прикажана сцена од натпреварот помеѓу Португалија и Словенија во осминафиналето на Европското првенство на стадионот во Франкфурт.

На објавената снимка може да се види како неколку членови на обезбедувањето брутално тепаат португалски навивач.

 Навивачот бил удиран повеќепати со тупаници и со клоци. Случајот го истражува германската полиција.

„Можам да потврдам дека сме свесни за инцидентот и дека полицијата истражува што се случило“, изјави денеска портпаролот на полицијата во Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пет меча за три дена: македонските младинци пред светскиот предизвик во Баку

Репрезентацијата до 15 години ќе стартува против Панама на 24 октомври. Првото издание на …