Дома Фудбал Драма во Англија поради шпалирот во Лондон: Фудбалер на Челси не им аплаудирал на шампионите (Видео)

Драма во Англија поради шпалирот во Лондон: Фудбалер на Челси не им аплаудирал на шампионите (Видео)

Челси вчера на својот терен го победи Ливерпул со 3:1 во дербито на 35. коло од Премиер Лигата. Пред почетокот на натпреварот домаќините направија шпалир на „црвените“ кои веќе ја освоија титулата шампиони на Англија, но многумина видоа дека еден играч на „Сините“ воопшто не аплаудираше.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Играчите на Челси аплаудираа на фудбалерите на Ливерпул додека излегуваа на терен, но брзо главната тема на социјалните мрежи стана еден од играчите на домашниот тим кој не сакаше да аплаудира на Редсите.

Станува збор за Нони Мадуеке, кој само мирно стоеше додека играчите на Ливерпул поминуваа покрај него и единствено не им аплаудираше, што го забележаа и камерите.

Овој 23-годишен англиски играч доби жестоки критики на социјалните мрежи поради тоа, а секако посебно од навивачите на Ливерпул.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…