Дома Фудбал Драма на границата: Фудбалерите на Црвена Звезда спречени да влезат во Косово (видео)

Драма на границата: Фудбалерите на Црвена Звезда спречени да влезат во Косово (видео)

Натпреварот меѓу фудбалските клубови Трепча од Косовска Митровица и Црвена Звезда од Белград нема да се одигра, откако косовската полиција денеска на граничниот премин Јариње не му дозволи влез во земјата на автобусот со фудбалерите од Србија.

Натпреварот во рамките на купот на Србија требаше да се одигра денеска во 15 часот, меѓутоа претходно тој беше забранет од Фудбалската федерација на Косово (ФФК).

„Дојдовме да играме фудбал, но тоа ни беше ускратено и покрај препораката на ФИФА. Косовските институции не ја испочитуваа и не ни дозволија да играме. Ни кажаа дека тоа е одлука на владата на Косово и оти немаат објаснување. Препораката на ФИФА беше недвослена. Не баравме ништо необично. Не постои ни една причина зошто натпреварот не би се одиграл во Звечан“, истакна генералниот директор на белградскиот клуб, Звездан Терзиќ

Српските медиуми јавуваат дека натпреварот што требаше да се игра денеска е презакажан за утре со почеток од 14 часот. Денеска автобусот на Црвена Звезда беше поздравен и од голема група на навивачи „Делии“, кои пристигнаа пред границата со Косово. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Расте притисокот во Штип: „Фалангата“ бара пресврт од Брегалница

Навивачите на Брегалница упатија остри критики кон фудбалерите по поразот од Вардар. Штипс…