Дома Фудбал Довербата никогаш поголема: Шпанија со Де ла Фуенте и на ЕП 2028!

Довербата никогаш поголема: Шпанија со Де ла Фуенте и на ЕП 2028!

Фудбалската федерација на Шпанија денес го продолжи договорот со селекторот на машката репрезентација Луис де ла Фуенте за уште две години, до завршување на Европското првенство 2028.

“Де ла Фуенте ќе ја предводи машката репрезентација до крајот на Европското првенство 2028 година, кое ќе се одржи во Обединетото Кралство и Ирска”, се вели во соопштението на Федерацијата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Стариот договор на Де ла Фуенте истекуваше во 2026 година, по завршувањето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Тој ја презеде репрезентацијата од Луис Енрикe во декември 2022 година, по елиминацијата на Шпанија во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Претходно раководеше со младинската репрезентација на Шпанија и олимписката селекција со која освои сребро на Олимписките игри во Токио 2021.

Со репрезентацијата на Шпанија минатото лето го освои Европското првенство во Германија, а една година порано Лигата на нациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Челси одбил неколку понуди во последниот ден од преодниот рок

Одбранбениот играч на Челзи, Аксел Дисаси, беше силно поврзуван со заминување од клубот на…