Дома Останати Кошарка Дончиќ збесна по мечот со Германија: Не може за „ало“ да добиете лична грешка во четвртфинале!

Дончиќ збесна по мечот со Германија: Не може за „ало“ да добиете лична грешка во четвртфинале!

Кошаркарите на Германија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство со победа против Словенија, но главна тема и натаму е судењето на натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Судијската тројка предводена од Војчех Лишка направи бројни пропусти за време на натпреварот, а повеќето грешки беа на штета на Словенија.

Дончиќ беше најдобар стрелец на натпреварот со 39 поени, но цел меч играше со проблеми поради лични грешки.

Уште во втората минута доби техничка грешка.

“Техничка добив во првите две минути само затоа што реков ‘ало’. Тоа навистина не смее да се случува во четвртфинале, требаше да добијам предупредување”, изјави Дончич, посочувајќи на почетокот на третата четвртина кога доби своја четврта лична грешка и цело второ полувреме не можеше да игра одбрана како што треба.

“Имав четири лични грешки уште на почетокот на третата четвртина, тоа не ми се случувало досега”, рече Дончиќ, кој истакна дека и неговата лоша игра во завршницата допринела за поразот од 99:91.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…