Дома Останати Кошарка Дончиќ може и да не заигра во плеј-офот, еве кога треба да се врати!

Дончиќ може и да не заигра во плеј-офот, еве кога треба да се врати!

Словенечката ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, се очекува да се врати на теренот дури на 1 мај, според „ЕСПН“. Ова значи дека најдобриот стрелец на НБА лигата (33,5 поени во просек) би можел да ги пропушти повеќето натпревари од првото коло на плејофот против Хјустон Рокетс, а возможно е и да не настапи воопшто.

По повредата што ја заработи во натпреварот против Оклахома на почетокот на месецот, Дончиќ замина во Шпанија, каде што неговата повреда на потколеницата беше третирана со иновативна метода. Иако се зборува дека Дончиќ би можел да игра во четвртиот натпревар од првото коло на плејофот, ЕСПН известува, повикувајќи се на изјави од него, дека очекуваниот датум на неговото враќање е 1 мај. Тогаш би можело да се игра шестата евентуална средба, доколку претходно не биде одлучен победникот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Официјално, Дончиќ е надвор од теренот на неодредено време, и неговиот статус за првото коло против Хјустон останува нејасен. Со оглед на тоа што и Остин Ривс е отсутен на неопределено време поради повреда, а исто така се очекува дека и тој ќе се врати на 1 мај, Лејкерси ќе мораат повеќе да се потпрат на искусниот Леброн Џејмс во дуелот против Хјустон. Првиот натпревар е закажан за недела вечер во Лос Анџелес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

НБА одлучи: Дончиќ може да се бори за МВП-титулата

Ѕвездата на Детроит пистонс Кејд Кунингем и ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ с…