Дома Останати Кошарка Дончиќ како никој од Европа претходно – ги симна од врвот Кари и Леброн!

Дончиќ како никој од Европа претходно – ги симна од врвот Кари и Леброн!

Дресот на Лука Дончиќ е најпродаван во НБА лигата. Прв пат се случува, од сезоната 2012/13, на првата позиција да не биде Стеф Кари или Леброн Џејмс. Воедно, словенечкиот играч стана и првиот интернационалец кој е на престолот по тоа во најсилната кошаркарска лига во светот, што најдобро говори за неговата популарност.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Веднаш по Дончиќ се Кари и Леброн, додека Никола Јокиќ е на 10. место, зад него се Јанис Адетокумбо, Кевин Дурент, Девин Букер… Ова е само доказ дека Лејкерс веќе добиваат големи суми пари и од маркетинг и од продажба на дресови, додека во исто време во Далас ситуацијата е токму спротивно.

Предвидувањата се дека Мавс во следните години ќе изгубат милиони поради одлуката да го трејдуваат Дончиќ. Всушност, овој податок потврдува колку е Дончиќ популарен и колку навивачите ширум светот се заинтересирани за неговите дресови и сè што е поврзано со него.

Фото: Los Angeles Lakers/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембанјама исфрлен од натпревар: Збесна, па жестоко удри со лакт во лицето на противникот (Видео)

Кошаркарите на Минесота ги совладаа Сан Антонио Спарс со 114:109 пред своите навивачи и из…