Дома Фудбал Доменико Тедеско ќе води клуб од Серија А

Доменико Тедеско ќе води клуб од Серија А

Италијанскиот прволигаш Болоња, по разделбата со тренерот Винченцо Италијано објави дека тимот ќе го води италијанско-германскиот стручњак Доменицо Тедеско. Оваа информација беше објавена на официјалната веб-страница на тимот, кој минатата сезона ја заврши на осмата позиција во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Доменицо Тедеско е новиот тренер на Болоња, кој потпиша договор до 30 јуни 2028 година, со опција за продолжување на уште една сезона,” соопшти клубот во своето обраќање.

Тедеско, кој има четириесет години, минатата сезона го водеше турскиот Фенербахче. Во периодот од 2023 до 2025 година го предводеше белгискиот национален тим, а на клупско ниво работеше уште во германскиот Шалке и Лајпциг, како и рускиот Спартак Москва.

Новиот предводник на Болоња е роден во Росано, Калабрија, но неговото семејство се преселило во Германија кога имал само две години, каде го изгради своето име во фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл во Мадрид: Реал тргна по најголемиот клупски трансфер во историјата!

Големи вести пристигнуваат вечерва од Мадрид. Реал тргна по ѕвездата на Челси, Енцо Фернан…