Дома Топ вести Докажа дека може да ги убие ѕвездите на Реал, па доби 9 години затвор!

Докажа дека може да ги убие ѕвездите на Реал, па доби 9 години затвор!

Сантиаго Санчез Рамирез докажа дека е многу лесно да се убијат некои од ѕвездите на Реал Мадрид, но поради тоа беше осуден на девет години затвор.

Имено, Шпанецот во 2014 година фотографирал како ги држи на нишан од својот снајпер Роналдо, Бејл, Иско, Марсело, Рамос, Бензема, Анчелоти па дури и претседателот Флорентино Перез.

Во Реал сватиле со каков лудак имаат работа па го пријавиле во полиција која со претрес во неговиот стан дошла до додатен материјал на кој се уште некои познати шпански личности, меѓу кои и кралот.

„Сакав само да докажам на пропустите во обезбедувањето“, истакнува Рамирез, за кого судот немаше милост и го осуди на казна затвор од девет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пет меча за три дена: македонските младинци пред светскиот предизвик во Баку

Репрезентацијата до 15 години ќе стартува против Панама на 24 октомври. Првото издание на …