
Диего Симеоне во 2011 година ја презеде екипата на Атлетико Мадрид, чиј тренер е и денес, дури петнаесет години подоцна.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На дури 790 натпревари, Симеоне беше тренер на Атлетико Мадрид, а со оваа екипа оваа сезона ќе игра и полуфинале во Лигата на шампиони.
На оваа екипа на патот до финалето на ова натпреварување стои Арсенал кој е во криза и јасно е дека Атлетико Мадрид има многу добри шанси за пласман во финале.
Пред да пристигне во Атлетико Мадрид, Диего Симеоне како тренер работел во Расинг Клуб, Студентес ЛП, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија.
Повеќепати Симеоне изјавувал дека сонува да ја тренира екипата на Интер, но како што стојат работите, тој сон се уште не му се исполнил.
Според пишувањата на англиските медиуми, Диего Симеоне стана главен фаворит за наследник на Лиам Росениор во Челзи.
Престојот на Росениор на Стемфорд Бриџ многу брзо се претвори во ноќна мора.