Дома Фудбал Дојде во дрес на Бока меѓу навивачите на Ривер: Погледнете што се случи (Видео)

Дојде во дрес на Бока меѓу навивачите на Ривер: Погледнете што се случи (Видео)

Ривалството помеѓу навивачите на Бока Јуниорс и Ривер Плејт е познато како едно од најжестоките во светот на фудбалот, а од САД, од Светското клупско првенство, ни доаѓа неверојатна сцена која уште еднаш го потврдува тоа. Имено, еден навивач се осмелил да направи нешто на што повеќето не би ни помислиле – влегол на трибина резервирана за навивачите на Ривер, облечен во дресот на Бока Јуниорс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој потег предизвикал шок кај домашните навивачи, а сето тоа било забележано со камера и брзо станало вирално на социјалните мрежи. Навивачот на Бока на крајот морал да го соблече дресот за да не дојде до поголем инцидент. Навивачите на Ривер цело време го навредувале, а наскоро ја напуштил трибината.

Бока и Ривер учествуваат на Светското првенство – Ривер по две кола има четири бодови во групата со Интер, Монтереј и Урава, а Бока по две натпревари има бод во групата со Баерн, Бенфика и Окленд.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кошмар за Бразил! Рафиња може да пропушти до крајот на Светското првенство

Работите со резултатите почнаа да се подобруваат за Бразил по победата од 3:0 против Хаити…