
Барселона и Лигата на шампиони повеќе не се пар како некогаш. Од последната освоена Лига на шампиони во 2015 година, Барса доживеа некои од најголемите европски трагедии во Лига на шампиони, а ова последното на “Џузепе Меаца” ќе боли уште долго.
Од кога го освои својот петти европски трофеј во Берлин 2015 година, Барса ниту еднаш не стигна до финалето, а испаѓаше во полуфиналињаата во два наврата, во 2018 од Ливерпул и вчера од Интер и дури шест пати во четвртфиналето од Атлетико 2016, Јувентус 2017, Рома 2018, Баерн 2020 и Пари Сен Жермен 2023, додека два пати натпрварувањето го заврши уште во групната фаза.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Во оваа ера на европски трагедии, дефинитивно најболни се – во Рим, Ливерпул, Лисабон и вчерашната во Милано.
Доколку елиминацијата од Атлетико Мадрид 2016 беше тесна и секако болна, тоа беше само увертира за сите трагедии што следеа.
Сигурно најболни беа од Рома 2018 и Ливерпул 2019 година. Барса како домаќин ја победи Рома со 4:2 и тимот на Ернесто Валверде само требаше да ја заврши работата во реваншот. Но, Барса одигра катастрофално, Џеко ја предводеше Рома, а голот за победа го постигна Манолас со глава во завршницата по корнерот.
Една година подоцна, уште полошо. Иако Ливерпул одигра добро на “Камп Ноу”, немаше среќа, Барса по некој чудо славеше дури со 3:0, а и денес многу се сеќаваат како Усман Дембеле во продолжението промаши празен гол за 4:0. За жал, тој гол се покажа како клучен за Барса. Ливерпул на крилјата на Дивок Ориги и Жоржинјо Вајналдум забележа една од најголемите победи во историјата – 4:0 и подоцна го освои трофејот.
Подоцнежните елиминации беа болни, но не толку трагични, бидејќи Барса не можеше ниту да се доближи на Баерн кој тогаш беше предводен токму од Флик во четвртфиналето во Лисабон кога беше 8:2, додека лани Роналд Араухо направи црвен картон против Пари Сен Жермен, и тоа го одреди текот на двомечот. ПСЖ надомести 2:3 од Париз и на “Монжуик” славеше 4:1.
Сѐ на сѐ, европските трагедии станаа најголемиот кошмар за Барса, но, оваа млада екипа дефинитивно има капацитет да ги врати Каталонците таму каде што им припаѓа, на врвот на европскиот фудбал во наредните години.
Фото: Barcelona FC/X