Легендата на српската кошарка се обрати по повод претстојниот протест во Белград.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Голем протест ќе се одржи во Белград на 15 март. Ден пред тоа, реки студенти се слеваат во главниот град на Србија. Ги пречекуваат насмевки, солзи, прегратки и звук на свирежи.
Границата на ‘заземање страна’ одамна е премината. Дури и оној кој се нема изјаснето – веќе се изјасни.
Во моменти кога во Белград доаѓаат деца и млади луѓе кои пешачеле и по 200 километри (и тоа не за првпат во последните четири месеци), се огласи и легендата на тамошната кошарка – Владе Дивац.
Дивац во петокот навечер на Инстаграм сподели две објави. Сподели пост од навивачите на Партизан:
„Гробари ќе бидат на улиците на Белград на 15.3 и ќе ги заштитуваат своите драги студенти. Ако ве нападнат, дозволете ни нас“, е пораката што ја сподели Дивац.
