Дома Фудбал Динамо Загреб ангажираше поранешен фудбалер на Рома и Гранада

Динамо Загреб ангажираше поранешен фудбалер на Рома и Гранада

Динамо од Загреб ангажираше големо засилување пред почетокот на новата фудбалска сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за доскорешен фудбалер на Гранада – Гонзало Виљар (28 години) кој потпиша повеќегодишен договор со Динамо.

Како што пишуваат шпанските медиуми, андалузискиот клуб задржал процент од идна продажба, а Виљар го напушта клубот откако одигра 72 натпревари и постигна три гола.

Виљар започна во Елче, од каде што во 2020 година замина во Рома.

Во тимот од Рим остана три сезони, а за славниот клуб евидентира 42 настапи, иако пред истекот на договорот некое време минал на позајмици во Сампдорија и Хетафе.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…