Дома Останати Кошарка Димитријевиќ повторно ќе игра во Русија – добива примамлива плата!?

Димитријевиќ повторно ќе игра во Русија – добива примамлива плата!?

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе ги напушти редовите на Олимпија Милано и ќе се врати во руската лига, тврдат италијанските „инсајдери”.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Новинарот Андреа Калцони тврди дека Димитријевиќ ќе потпише двогодишен договор од три милиони евра со Зенит, а пред да дојде во Италија, 27-годишникот играше за Уникс, со кој ја освои ВТБ лигата 2023.

Според него, Олимпија ќе му исплати на Димитријевиќ 500.000 евра, што би требало да претставува разлика во договорот, за да 190 см високиот плејмејкер од Скопје стане слободен играч.

Димитријевиќ беше МВП на Суперкуп на Италија кој Армани го освои во 2024, а во претходната сезона на Евролигата имаше просек од 7,6 поени, 1,6 скокови и 2,9 асистенции по натпревар.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дали ова е крајот на сезоната за Лука Дончиќ? Одговорот е во рацете на Лејкерс

Додека Лос Анџелес Лејкерс губат со 0-1 во полуфиналето на Западната конференција и чекаат…