Дома Останати Кошарка Димитријевиќ: Сакав да играм за Партизан!

Димитријевиќ: Сакав да играм за Партизан!

Maкедонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ во интервју за „Спорт клуб“ призна дека сакал да го носи дресот на Партизан, но понудата не пристигнала.

Се шпекулираше во медиумите дека Партизан има интерес за македонскиот кошаркар, меѓутоа како што вели Димитријевиќ немало ништо конкретно.

„Никогаш не се случи ништо конкретно. Навивач на Партизан сум и сакав да играм за тој клуб, но таква понуда никогаш не сум добил“, изјави Димитријевиќ.

Сезонава Димитријевиќ со Олимпија Милано се натпреварува во Евролигата каде што во последниот период прикажува сосема солидни настапи и прераснува во еден од поважните кошаркари за тренерот Еторе Месина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…