Дома Останати Дилета конечно проговори за „врската“ со Ибрахимовиќ ?

Дилета конечно проговори за „врската“ со Ибрахимовиќ ?

Атрактивната италијанска новинарка Дилета Леота овие денови е во центарот на вниманието поради блиските односи со Златан Ибрахимовиќ.

Магазинот „Чи“ објави дека двајцата се во тајна врска и дека Ибрахимовиќ ја оставил својата сопруга Хелена за да ја посети Леота која одмара во Сардинија.

Двајцата беа фотографирани заедно на Сардинија, но во друштво со други пријатели, а Дилета тврди дека нивниот однос е исклучително професионален.

Неодамна двајцата снимија реклама за италијанските медиуми и токму од тогаш почнаа шпекулациите дека се во тајна врска.

„Нема потреба за било каков коментар бидејќи нема никаква врска помеѓу нас двајцата освен професионалната соработка“, кратко коментираше убавата новинарка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…