Дома Фудбал Диего Коста остана без клуб

Диего Коста остана без клуб

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Челзи, Диего Коста (36), стана слободен играч откако му заврши договорот со Гремио.

Некогашниот репрезентативец на Шпанија со потекло од Бразил одигра 26 натпревари за Гремио во сите натпреварувања, постигна осум голови и додаде пет асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Темпераментниот фудбалер кој изгради значителна репутација играјќи во Европа, се врати во Бразил во август 2021 година кога го облече дресот на Атлетико Минеиро.

Накратко се врати на Стариот континент каде што играше за Вулверхемптон, а по една сезона повторно се најде во Бразил каде настапи за Ботафого.

По неколку месеци, тој се приклучи на Гремио со кој овие денови се раздели.

Во текот на богата кариера, Диего Коста играше и за Брага, Пенафиел, Атлетико Мадрид, Селта, Албасете, Ваљадолид, Рајо Ваљекано и Челзи, а покрај головите, неговата кариера ја одбележаа и инциденти на теренот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eдна од најголемитее желби на Манчестер јунајтед за нов тренер е Хрват!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, во Лигата на шампионите се соочува со Тотенхем …