Дома Фудбал Џеко може да биде казнет поради конфронтација со навивачи

Џеко може да биде казнет поради конфронтација со навивачи

Напаѓачот на Фиорентина Един Џеко може да биде казнет, па дури и да добие суспензија поради разговор со навивачите на „виолетовите“ по поразот од Аталанта во неделата. Тимот се претставува трагично во Серија А и се уште нема победа сезонава, а се наоѓа во зоната за испаѓање.

По завршувањето на натпреварот со Аталанта, играчите се упатија кон гостинските навивачи за да ги слушнат нивните поплаки. Во еден момент Џеко зеде мегафон за да одговори на критиките. По поразот од АЕК неколку дена претходно, тој изјави дека „не треба да ги свират при секој згрешен пас“.

Сега се обиде да го објасни својот коментар и рече: „Вистина е дека не играме добро, но ни треба вашата поддршка“, по што влезе во расправа со дел од приврзаниците.

Според „Газета дело Спорт“, ветеранот може да биде казнет за своите постапки. Во правилникот на Серија А пишува дека е забрането играчи да се конфронтираат со навивачи, да ги навредуваат или да се закануваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aнчелоти почна револуција во Бразил: На новиот список нема дури 17 играчи ги повика за Мундијалот

Карло Анчелоти започна значајни промени во фудбалската репрезентација на Бразил, со објаву…