Дома Фудбал Детали за најбизарниот отказ: Шпанецот се заклучил во соблекувална

Детали за најбизарниот отказ: Шпанецот се заклучил во соблекувална

Најбизарната фудбалска приказна на сезоната доби ново поглавје.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хуан Бернабе (56), Шпанец кој беше задолжен за работа со маскотата на клубот Лацио, орелот Олимпија, се заклучи во просториите на клупскиот тренинг-центар.

Да потсетиме, Бернабе доби отказ во римскиот клуб затоа што на социјалните мрежи објави снимки и фотографии од својот полов орган по вградувањето на протеза.

Италијанскиот прволигаш неговата одлука ја сметаше за шокантна и реагираше со раскинување на договорот со него.

Откако се дознало дека неговата операција ја извршил клубскиот лекар Габриеле Антонини, отказ му е даден и на него.

Меѓутоа, Бернабе реши да не си оди тивко и мирно.

Според италијанскиот спортски дневен весник “Кориере дело Спорт”, тој се заклучил во клубскиот тренинг-центар за фудбалери и одбил да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …