Дома Фудбал Дешан здивна: Салиба е целосно здрав

Дешан здивна: Салиба е целосно здрав

Вилјам Салиба е здрав и ќе може да учествува во пријателскиот натпревар на Франција пред Мундијал 2026 против Северна Ирска вечерва во Лил. Одбранбениот фудбалер на Арсенал имаше проблеми со грбот, но веќе помина детални медицински прегледи кои покажаа дека 25-годишниот фудбалер ќе може да игра и во првиот натпревар на “триколорите” во групната фаза на Светското првенство против Сенегал на 16 јуни.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Селекторот на двократните светски шампиони Дидие Дешан беше сигурен дека проблемите на Салиба не се сериозни.

Одбранбениот играч помогна на Арсенал да освои прв шампионат во Англија во последните 22 години. Вилјам Салиба се придружи на кампот на “триколорите” на 2 јуни.

Ирак и Норвешка се другите противници на Франција во групната фаза на Мундијал 2026.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанците пронајдоа решение таму каде што го имаа: Европскиот првак повторно ги презема Аѕурите?

Во последниве недели многу се шпекулираше за тоа кој долгорочно ќе ја преземе селекцијата …