
Кошаркарите на Денвер Нагетс ги совладаа Лос Анџелес Клиперс со 131:115 и се на чекор до пласман во втората рунда на плејофот. Пласман обезбедија и Бостон Селтикс и Индијана Пејсерс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денвер се се’ подобри како што времето поминува. Не го отворија плејофот најдобро, но синоќа стигнаа до третата победа над Клиперси и водат со 3:2 во серијата.
Џамал Мареј блесна со 43 поени, Арон Гордон постигна 23, Расел Вестбрук 21, а Никола Јокиќ имаше трипл-дабл учинок со 13 поени, 10 скока и 12 асистенции. Ивица Зубац за Клиперсите постигна 27, Кавај Ленард 20, а Богдан Богдановиќ 18 поени.
Фото: Грок AI