Дома Кошарка Денвер подготвува спектакуларен трејд – еден од најдобрите кошаркари во НБА ќе игра со Јокиќ

Денвер подготвува спектакуларен трејд – еден од најдобрите кошаркари во НБА ќе игра со Јокиќ

Кошаркарите на Денвер се на работ на елиминација во плејофот на НБА лигата, моментално губат 3:2 во серијата против Оклахома, и нема сомнение дека испаѓањето во полуфиналето на Запад би било нешто што ќе ги задоволи раководството и навивачите на клубот!

Тоа е сосема логично, бидејќи Нагетс во тимот го имаат трикратниот МВП, Никола Јокиќ, и еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата.

Борбата за прстенот, а тоа и до самиот крај, треба да биде „резервирана“ за Денвер. Меѓутоа, факт е дека Јокиќ нема поддршка од соиграчите која му е потребна. Овде, пред сè, мислиме на Мајкл Портер Џуниор, Расел Вестбрук и Џамал Мареј кој е бледа сенка на играчот од 2023.

Токму затоа, американскиот НБА инсајдер Еван Сидери предложи интересен предлог: Денвер ова лето треба сериозно да размисли за трејд за Кевин Дурант.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…