Дома Фудбал Дека веќе работи на трансферот: Барселона тргнува по „своето дете“ кое денес е еден од најдобрата на својата позиција!

Дека веќе работи на трансферот: Барселона тргнува по „своето дете“ кое денес е еден од најдобрата на својата позиција!

Спортскиот директор на Барселона, Деко, веќе прави планови за следната сезона, а од Германија денес стига вест дека Каталонците го сакаат – Алехандро Грималдо! 

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Левиот бек на Баер Леверкузен е еден од најдобрите во Европа на својата позиција, Деко е негов голем фан и би сакал да го донесе како алтернатива за Алехандро Балде.

Инаку, Грималдо е дете на Барселона, бил капитен на Б тимот, но јануари 2016 година одлучил да се пресели во Бенфика, откако од тогашниот тренер Луис Енрике добил јасен сигнал дека нема иднина покрај Жорди Алба.

Се покажа дека можеби тоа беше и грешка, бидејќи Грималдо одигра извонредни седум сезони во Бенфика, а потоа експлодираше под водство на Чаби Алонсо во Леверкузен.

Со Баер освои историска двојна круна претходната сезона, а на тој пат постигна 12 голови и забележа дури 20 асистенции во сите натпреварувања. И оваа сезона игра извонредно, иако има скромни остварувања, четири голови и 12 асистенции.

Инаку, се шпекулира дека Барса е подготвена да плати од 30 до 40 милиони евра за неговиот потпис.

Грималдо има 29 години и договор до летото 2027, а претходно зборуваше дека негов сон е да се врати во матичниот клуб во кој никогаш не добил шанса. 

Како што Ханси Флик сака да има силна конкуренција на секоја позиција, Балде и Грималдо би биле идеален пар за новата долга сезона во која Барса пак ќе одигра и до 60 натпревари…

Фото: Barcelona FC/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После 6-часовен состанок јасно е кој ќе биде новиот тренер на Милан!

Италијанскиот „заспан“ гигант Милан бара нов тренер откако се раздели со Масимилијано Алег…