
Новото поглавје на срамното однесување на српските власти кон Новак Ѓоковиќ, го забележал и „Дејли мејл“, најтиражниот британски весник по продадени примероци. Во обемна статија опишал што сѐ му се случува на најдобриот тенисер на сите времиња во неговата татковина:
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Ѓоковиќ ги запиша децата во приватно училиште во Атина, а неговото семејство се сели кон нов живот во Грција среде извештаите дека е на удар од Владата на Србија поради поддршка на студентите.
Шампионот со 24 грен слем титули одамна стана национален херој, но поради солидарноста кон демонстрантите се најде под жестоки критики од медиумите лојални на Александар Вучиќ.