
Албанија и Србија одиграа нерешено без голови во Тирана. Еден од најризичните натпревари во квалификациите за СП заврши без постигнати погодоци, а ниту една репрезентација не успеа да го пронајде патот до мрежата. Албанците можат да жалат за таквиот исход, бидејќи пропуштија да постигнат гол од белата точка при крајот на првото полувреме кога Петровиќ го одбрани ударот на Манај.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Високите тензии беа очигледни за време на интонирањето на химните. Арена Комбетаре одекнуваше со заглушувачко свирење при химната на Србија, која едвај се слушаше. Во видеото може да се види како албанските деца го прикажуваат орелот додека стојат пред српските играчи за време на интонирањето на химната.
Како изгледаше тоа, погледнете го ОВДЕ.