Трејдот на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс, со што Ентони Дејвис премина во спротивниот правец, продолжува да биде главна тема во НБА лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На оваа вест реагираше и легендарниот Шекил О’Нил. Тој често беше критикуван за прекумерната тежина во текот на својата кариера, а сега го бранеше Дончиќ од критиките што се однесуваа на неговиот физички изглед.
„За мене, Лука не изгледа како играч кој не е во форма. Не разбирам што точно значи ‘вон форма’ – дали тоа значи дека нема стомачни мускули? Еден од моите најдобри пријатели ми рече дека ‘дебелиот’ Лука е подобар од 99,99% од бековите во лигата. Тој веќе пет години по ред се наоѓа во најдобриот тим на НБА. Ако тоа е причината што го пуштате, тогаш менаџментот треба да се извинува. Постоеја подобри начини да се реши оваа ситуација“, нагласи Шекил О’Нил.