Ентони Дејвис поради трејдот на Лука Дончиќ мораше да ја продолжи кариерата во тимот на Далас.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Американскиот центар замина во спротивна насока од Лука Дончиќ, кој од Далас замина кон Лос Анџелес.
Пред да се приклучи на тимот на Тексас, Дејвис се прости од Лејкерс со кои ја освои НБА титулата во 2020 година.
„Пред шест години дојдов со визија да освоиме шампионат и никогаш нема да го заборавам моментот кога тоа го постигнавме. Благодарен сум на градот каде го освоив мојот прв прстен, во кој порасна моето семејство и се создадоа пријателства. Ова засекогаш ќе биде мојот дом“, напиша 31-годишниот Дејвис.