Дома Останати Дани Алвеш и Џоана Санз се венчаа на атрактивната Ибица

Дани Алвеш и Џоана Санз се венчаа на атрактивната Ибица

Во екот на шпекулациите за неговата професионална иднина, бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, на приватна церемонија, се венча со неговата избраничка Џоана Санз.

Алвеш неодамна го напушти Јувентус и сега е слободен играч, а медиумите пишуваат дека е пред потпис со  ПСЖ, иако беше многу блиску до договор со Манчестер Сити.

Покрај смената на клубот, Алвеш се одлучи на уште една промена во својот живот, овој пат од приватен карактер, и се венча со партнерката Џоана Санз, која е шпански модел, а приватната церемонија ја направија на Ибица.

После венчавката Џоана на социјалните мрежи потврди дека се омажи за Алвеш, а подоцна беа објавени и фотографии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип УГД без освоен сет во Холандија, европската шанса сега ја брани дома

Македонскиот одбојкарски првак загуби со 0-3 кај Орион старс на стартот од квалификациите …