Дома Фудбал Дали вториот гол на Барселона требаше да биде поништен? Оваа снимка покажува дека Турпан погреши (Видео)

Дали вториот гол на Барселона требаше да биде поништен? Оваа снимка покажува дека Турпан погреши (Видео)

Фудбалерите на Барселона не успеаја да се пласираат во полуфиналето на Лигата на шампионите откако беа поразени во дуелот со Атлетико Мадрид со вкупен резултат 3:2.

Каталонците победија со 2:1 во реваншот, но не успеаја да ја надополнат загубата од 2:0 на првиот натпревар што се одигра на стадионот Камп Ноу претходната недела.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Вториот гол за Барселона го постигна Феран Торес, а на социјалните мрежи се појави видео кое сугерира дека погодокот требало да биде поништен.

Имено, во 21. минута од натпреварот, Адемола Лукман ја уфрли топката во казнениот простор, а Жерард Мартин интервенираше по ударот на Антоан Гризман.

Французинот бараше корнер за Јорганџиите, но судијата Клеман Турпан не ги уважи неговите протести и покажа аут за Барселона.

Гостите ја контролираа топката две минути, при што имаше прекин поради прекршоци и корнер, а во 24. минута Феран Торес го постигна вториот гол за Каталонците.

Корисниците на социјалните мрежи сметаат дека голот на Торес требало да биде поништен, а нас не интересира вашето мислење, кое можете да го изразите во коментар

Да додадеме дека Атлетико во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Арсенал и Спортинг, додека во другото полуфинале ќе се соочат ПСЖ и победникот од натпреварот меѓу Реал Мадрид и Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го дочека пекол во Минхен поради овие коментари на Белингам

Откако синоќа беа познати имињата на првите два тима кои се пласираа во полуфиналето на Ли…