Дома Останати Тенис Дали крајот е блиску? На Ѓоковиќ вакво нешто не му се случило девет години!

Дали крајот е блиску? На Ѓоковиќ вакво нешто не му се случило девет години!

Новак Ѓоковиќ не доживеал ваков голем пораз на Ролан Гарос цели девет години. Српскиот тенисер го заврши настапот прекунично рано, уште пред започнувањето на втората недела од турнирот, прекинувајќи ја својата импресивна низа на Гренд Слем натпревари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Елиминацијата од Жоао Фонсека означи крај на серијата од пет последователни полуфиналиња на големите тениски сцени. Ова е првпат Ѓоковиќ да не се пласира меѓу најдобрите 16 од Отвореното првенство на САД 2024 година.

Последниот ваков неуспех на почетокот од настапот на Ролан Гарос му се случи во 2009 година, кога Филип Колшрајбер го запре во осминафиналето со резултат 6:4, 6:4, 6:4. Од тогаш, секогаш стигнувал барем до четвртфиналето на париската земја, а трипати го подигнал победничкиот трофеј.

Особено болен податок за неговите навивачи е што само вторпат во кариерата губи меч откако водел со 2:0 во сетови. Првиот ваков момент се случи во 2010 година против Јирген Мелцер.

Во овој случај, Ѓоковиќ не успеа да ја зачува големата предност против талентираниот Бразилец. Во решавачкиот петти сет, водеше со предност од еден брејк и 3:1 во гемови, но Фонсека успеа да го преземе натпреварот и дојде до најголемата победа во својата досегашна кариера.

Натпреварот траеше четири часа и 53 минути, а Бразилецот заврши на спектакуларен начин. Откако спаси брејк топка со ас сервис, врза уште два аса и ја запечати една од најголемите победи во неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова момче во Париз ја заработи најголемата сума во животот, но не може да ги добие парите

Младиот француски тенисер Моазе Коуаме не може да ја прими наградата од Ролан Гарос која ш…