Дома Останати Тенис Дали Алкараз ја исмејуваше повредата на Ѓоковиќ? Камерата фати совршен агол (Видео)

Дали Алкараз ја исмејуваше повредата на Ѓоковиќ? Камерата фати совршен агол (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска во четвртфиналето на Австралија Опен го победи Карлос Алкараз, а публиката можеше да ужива во спектакуларниот меч.

Ѓоковиќ славеше по пресврт, бидејќи првиот сет му припадна на Шпанецот, а на крајот од истиот Србинот се пожали и на повреда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Токму кога Алкараз направи брејк и поведе со 5:4, Ѓоковиќ се фати за десната нога и го напушти теренот, по што се упати кон соблекувалната.

Потоа побара и медицински тајм-аут, а подоцна за време на мечот камерата го фати снимокот од совршен агол, кој открива дека Алкараз еднаш најверојатно ја карикираше или исмеваше повредата на ривалот, додека во кадарот се гледа и самиот Ѓоковиќ.

На снимката од крајот на третиот сет се гледа како Ѓоковиќ му приоѓа на столчето, а во заднината се гледа Алкараз како театрално се држи за задниот бут и шепа, а потоа се „фрли“ на своето столче. „Штуцна“ на ист начин како Ѓоковиќ кога се жалеше на повреда, и на сите им беше веднаш јасно дека го имитира српскиот тенисер..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…