Дома Фудбал Даклан Рајс знае што треба да направи Арсенал за да слави во Париз: Ни треба магија!

Даклан Рајс знае што треба да направи Арсенал за да слави во Париз: Ни треба магија!

Фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс, изјави дека неговиот тим мора да направи „нешто посебно“ ако сака да го победи Пари Сен Жермен на нивни терен во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој започнува во 21.00 часот.

Во првиот натпревар, Арсенал загуби на домашен терен со минимален резултат, поради што очекува тешко гостување.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Рајс во последно време знаеше да изненади со одлични голови од слободни удари, а новинарите ги интересираше дали такво нешто може да се повтори и во Париз, кога екипата ќе биде под уште поголем притисок.

„Тренерот (Микел Артета) секогаш зборува за такви магични моменти. Против Реал Мадрид успеав да постигнам два гола од два слободни удари, што е навистина неверојатно. Но, на натпреварот против ПСЖ може некој друг да има такви магични моменти“, рече Рајс, па потоа додаде:

„Се надевам дека и јас ќе можам ако нема никој друг, затоа што ќе ни треба магија за да славиме на овој реванш. Натпреварот во Париз мора има нешто посебно за да славиме“, заврши Рајс.

Фото: Arsenal/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ уште еднаш подобар од Арсенал за финале

Пари Сен Жермен и Интер ќе се сретнат во финалето на Лигата на шампионите на 31 мај во Мин…