Дома Фудбал Црвена Звезда покажа како се работи: Продаде дефанзивец во Премиер лигата и одлично заработи

Црвена Звезда покажа како се работи: Продаде дефанзивец во Премиер лигата и одлично заработи

Насер Дига е официјално фудбалер на Вулверхемптон откако потпиша договор на пет и пол години, а Црвена звезда одлично заработи со продажба на својот стопер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, отштетата изнесува 12 милиони евра со десет проценти од идна продажба на играчот од Буркина Фасо.

За Дига претходно интерес покажаа Нотингем Форест и Лестер, но на крајот потребата за инвестиција во Стопер од неговиот профил се покажа во Вулверхемптон и последниот ден од преодниот рок во Англија договорот беше реализиран.

Дига вчера утрото тргна од Белград кон Париз каде што ги направи лекарските прегледи, а сега го чека пат кон Англија и докажување во новиот клуб.

Да потсетиме, Звезда го откупи стоперот од Базел за 3 милиони евра во мај, а потоа се исплати до вербата во потенцијалот на младиот стопер, па постигнаа одличен договор.

Оваа сезона тој играше многу подобро отколку претходната, што доведе до зголемување на цената на пазарот и трансфер во најсилната европска лига.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик донесе непопуларна одлука, бековски пар ќе ја полни касата?

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, имаше внатрешни разговори со играчите кои би можеле да …