Дома Тенис Циципас објави фотографија и откри: Ѓоковиќ со преселбата во Атина му „понудил“ бизнис-соработка, но тој има услов! (ФОТО)

Циципас објави фотографија и откри: Ѓоковиќ со преселбата во Атина му „понудил“ бизнис-соработка, но тој има услов! (ФОТО)

Според информациите, Новак Ѓоковиќ наскоро би можел да се пресели во Атина, на огромно задоволство на Грците, меѓу кои и Стефанос Циципас.

Во Лондон се сретнаа двајцата тениери каде што се подготвуваат за настап на третиот грен слем турнир во сезоната, Вимблдон.

Циципас, кој е многу активен на социјалните мрежи, сподели фотографија од нив двајцата со шеговит коментар.

„Новак: Кога ќе ја отвориме онаа грчка таверна?

Јас: Кога конечно ќе научиш да правиш цацики без да користиш сојин јогурт.“

Шегата е на сметка на фактот дека Новак избегнува храна од животинско потекло. Но, кој знае, можеби оваа шега некогаш ќе прерасне во реален деловен план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На 18 години до 12. место во светот: Јовиќ со порака за успехот што не доаѓа лесно

Ива Јовиќ ја заокружи сезоната со емотивна објава: зад големиот пробив стојат тешки порази…