Фудбалерите на Црвена звезда беа поразени од тимот на Милан со 1-2, во рамките на шестото коло од Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според сè прикажано на Сан Сиро, избраниците на Владан Милојевиќ заслужија повеќе од пораз, барем еден бод, а по натпреварот сè уште се зборува за победничкиот гол на Милан, кој беше постигнат по очигледен прекршок.
Целата оваа ситуација ја коментираше и стручниот консултант на „ТВ АренаСпорт“, инаку легендарен српски судија, Здравко Јокиќ.
– Овде е очигледно прекршокот врз Спајиќ. Не знам што гледаше ВАР, да не беше Спајиќ турнат, голот не би постоел. Очигледно е дека Звезда е оштетена. На голот му претходеа дури два прекршока, Џига беше повлечен за дрес и соборен – започна Јокиќ, па продолжи:
– Не смееме да заборавиме дека главниот шеф на судиите е Росети, значи Италијанец. За набљудувач на судиите беше одреден човек од Фарските Острови. Да човек од таква лига, каде што чуваат овци, оценува врвен судија? Тој нема авторитет и кариера. Не може да му каже на судијата грешките ти се ова, тоа и тоа… Го знам тој набљудувач од семинари, беше трета категорија. Разочарувачко е сето ова – рече Јокиќ.